Dale

Draganco Volceski

 

    ×  За себе            ×  Коментари            ×  Контакт           ×  Facebook             ×  Youtube   


 

       « предходна                                     Љубов без крај                         следна »

 


         Мило ми е што учествував во хуманитарната кампања за децата со посебни потреби. Текстот на оваа песна е на Марија Стојковска и Дијана Петкоска. А прекрасниот женски глас  е на Елена Крстеска. Песната е снимена во 2008 година.

 


 
         Љубов без крај         
              преслушај                      youtube    



 

Насмевки подарени на детски лик распеани
зарем нешто ќе биде повредно
зарем зборови има доволно кога
едно срце невино со среќа е преполно

 Да ја избришеме секоја граница што не дели
без разлика дали жолти црни или бели
сите сме исти нели
ајде сега ти подади рака
секој секого да го сака

И сите сме деца во душите свои зарем не
еден потег би бил доволен
би знаеле сите дека хуманоста нема крај
со срца посветли и од златен сјај
љубов без крај

Бакнежи подарени на детски лик распеани
зарем нешто ќе биде повредно
зарем зборови има доволно кога
едно срце невино со среќа е преполно

и со секој ветер што дува
заедно среќни да не чува
со срце што со љубов кон светот бие
да се прегрнеме сите ние