Dale

Draganco Volceski

 

    ×  За себе            ×  Коментари            ×  Контакт           ×  Facebook             ×  Youtube   


 

       « предходна                                      Крај без почеток                        следна »

 


          Е ова е нешто што ми требаше ! Имало навистина тешки моменти во кои сум сакал да отсвирам и отпеам песна која ја искажува мојата болка. Во еден таков момент прашувајќи се која би била таа песна во која би се пронашол, ја напишав „Крај без почеток“ (02.2008).И сега кога ќе се удрам со малиот прст од ногата во ивица, си ја пеам неа  Значи не е за таква болка да не се сфатиме погрешно, тука за болка од удари по душата (е сеа ја опрајв ). Целото внимание го посветив на неа и .... ме врати во живот, подзаборавив на она што ме мачеше,  Текстот заслужува подобра музика и се надевам дека во иднина ќе имам подобри услови за да направам музика каква што заслужува. Се надевам!!! ...„ утре е нов ден, ќе биде се подобро“ ... :)

 


 
         Крај без почеток        
                преслушај                        youtube    



 

Утре е нов ден ќе биде се подобро
сонот ќе го скроти ова болно минато
ако и утре е се вака во сон во темнина
што ќе сакам јас ќе не сакам да живеам

Надежта е сама нема ниту збор од утеха
но секој сам се бори за среќа да дочека
мојот мирен со е кога на полноќ станувам
а мојот кошмар кога воопшто не заспивам

Дај ми господе сила да дочекам нов ден
да видам дали и тој подобар ќе е
дали го поминав својот живот
зарем е крај без почеток

Ми доаѓа да вреснам на глас
кога немам друг спас
ми доаѓа да трчам без цел
така подобро ми е
така требало да биде
нека е нека биде
јас ќе викам на глас
само тоа ми е спас