Dale

Draganco Volceski

     

 

 

 

 

 


    ×  За себе            ×  Коментари            ×  Контакт           ×  Facebook             ×  Youtube   


 

       « предходна                                   Зарем пак јас сум крив                        следна »

 


          Прва песна која е објавена на овој мој портал е "Зарем пак јас сум крив". Компонирана е во 2007 година. Оваа песна се одделува од претходните и заслужува да се најде меѓу песните на оваа листа. Вложив голем труд за да ја компонирам и снимам музиката .... уфф тоа беше тешка работа . Не ни сакате да знаете како е снимена таа гитара во позадина,се мачев, не јадев со денови, ми обеле косата, се забрадив ....бла бла бла... (се учам да лажам за да се оправдам ). Едноставно е да се отсвири, но опремата која ја имав и искуството со неа навистина ми ја отежнаа работата. Има грешки во музиката, тоа ми стана јасно по извесно време, но ако ги поправав, до сега ќе ја имав само таа песна на оваа листа, бидејќи секој ден би наоѓал нова грешка . Затоа останува верзијата од 2007. Текстот е со дејствие и се задржува на една тема, што е големо подобрување и да... ми се подобри и ракописот . Приказна за оние кои се оставени од личноста која ја сакаат, за нивните чувства во тие моменти и барањето на вината во себе. Слушнете за што поточно станува збор!

 


 
         Зарем пак јас сум крив
              преслушај                youtube    



 

Уште не научив да живеам
без твоите топли прегратки
уште не сум научил
да вртам поглед
кога ќе се појавиш ти

да не погледнувам во тие усни
и очи убави
а животот го поминав барајќи љубов
а таа ми уништи

Весели денови романтични ноќи
премногу лаги кажани во очи од тебе

Блазе и љубовта што ја смени
и на друг ја префрли
фала ти брзо што ме смени
зарем имаш ти мир
љубовта мене ме следи
и не ми дава сон
кажи ми на крајот
Зарем пак јас сум крив

Зарем бев играчка која ја виде
и ти се допадна
па плачеше долго ти по неа
и ти ја купија
не разделива од неа
дел од душата
но што стана кога ти се здосади
каде ја фрли ти?